Хрватски и турски бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Гостивар

19.06.2018

Хрватски и турски бизнисмени, ja посетија на Општина Гостивар, каде беа пречекани од градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и неговите соработници.

Бизнисмените го запознаа градоначалникот Таравари за нивната заинтересираност за конкретни инвестиции во областа на сточарството во подрачјето на општина Гостивар.

Градоначалникот Таравари ги информираше бизнисмените дека тој и општинската администрација се подготвени да понудат целосна асистенција и се што е во надлежност на Општината, кога станува збор за сериозни инвестиции кои влијаат на локалниот економски развој и намалување на невработеноста.

Хрватските и турски бизнисмени за време на престојот во Гостивар, го истражуваат теренот при што ги придружуваат вработени во општинската администрација кои се занимаваат со прашања од областа на странски инвестиции.

Служба за информирање