Aкцијата за уривање на бесправните градби во Гостивар

,

30.07.2018
Започна денес акцијата за уривање на бесправните градби на територијата на општина Гостивар. Првата градба која што
денес беше урната е еден ѕид во населбата Питарница, кој беше изграден без соодветна дозвола и на локација предвидена за улица.

Со уривањето на овој ѕид, всушност се овозможува слободно движење на возилата на тој дел од населба Питарница.
Општина Гостивар ќе продолжи со уривање на бесправните градби, како што се ѕидовите кои зафаќаат дел од улиците, доградби, како и станбени објекти кои што се изградени бесправно. Од Секторот за урбанизам при Општина Гостивар, ги повикуваат граѓаните да не градат без соодветна дозвола, бидејќи ќе се соочат со сите мерки согласно позитивните закони на Република Македонија.

Служба за информирање