Градоначалникот Таравари пречека четириесетина уметници од разни земји низ светот

27.08.2018

Ликовните уметници од различни земји кои учествуваат во меѓународната ликовна колонија “Гостивар 2018”, ја посети Општина Гостивар при што беа пречекани од градоначалникот Таравари.

На средбата која се одржа во салата на Советот на Општина Гостивар, градоначалникот Таравари даде краток опис на општината и градот Гостивар, при што кажа дека Гостивар е познат како град на гостопримството, но и како град на ликовните уметници.

“Ви посакувам пријатен престој во нашиот град и ви посакувам да создадете што подобри дела во рамките на уметничката колонија. Ние како општина Гостивар, ќе продолжиме да поддржуваме различни активности од областа на ликовната уметност, но и на културата во општо, бидејќи уметноста и културата се оние кои им даваат душа на општеството”, истакна меѓу другото градоначалникот Таравари.

Решат Амети – претседател на Здружението на ликовни уметници “Драудацум” со седиште во Гостивар, му се заблагодари на градоначалникот Таравари за поддршката и го запозна дека оваа колонија е традиционална и 13-ти по ред, каде што годинава учествуваат 40 ликовни уметници од 12 земји од светот.

На оваа мошне пријателска средба уметниците и градоначалникот Таравари, зборуваа и уметниците Владимир Темков, Светислав Савковиќ – Кајзер, Ваихид Хакан и Шефкет Ислиген.

На 13-тата Меѓународна ликовна колонија 13 “Гостивар 2018”, учествуваат уметници од Косово, Албанија, Македонија, САД, Украина, Црна Гора, Турција, Египет, Франција, Србија, Босна и Херцеговина и Јужна Кореја.

Колонија ја организира ЗЛУМ “Драудацум”- Гостивар, а истата е финансирана од страна на Министерството за култура и Општина Гостивар.

Претседателот на “Драудацум” – Решат Амети, го покани градоначалникот Арбен Таравари на изложбата со дела создадени во оваа колонија, што ќе се одржи во Центарот за култура во Гостивар на 29 август.

Служба за информирање