ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните кои го користат регионалниот пат Гостивар – Србиново дека од утре ќе продолжат градежните работи за целосна реконструкција на делницата Лакавица – Србиновo.

Додека ќе траат градежните работи сообраќајот во оваа патна делница, во одредени делови и временски периоди, ќе се одвива отежнато, затоа се молат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да го прилагодат движењето со условите на патот.

Од Општина Гостивар им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.

Служба за информирање