Градоначалникот Арбен Таравари даде отчет за сработеното во првата година од раководењето со Општина Гостивар

01.11.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во салата на општинскиот совет, пред граѓаните на Гостивар даде отчет за работите и активностите спроведени во првата година од неговиот мандат.

Неговиот говор ви го пренесуваме интегрално:

“Почитувани граѓани на Гостивар,

Когa ја добив вашата довербата за да раководам со Општина Гостивар, не верував дека ќе имам толку многу проблеми од оние кои, како што гелдаме, не сакаат дасе помират со фактот дека ги изгубија изборите, но од друга страна не верував дека ќе постигнам токлу многу успеси благодарение на силната волја на луѓето кои му сакаат добро на овој град.

Не верував дека толку многу ќе ме факторизираат определени поединци и кругови, кои за ме спречат мене, подготвени се да земат на шија еден цел град, но за среќа не им успева.

Често миоте сорсботници, граѓаните и многумина со кои контактирам, ми честитаат за позитивниот пристап во управувањето и подадена рака за соработка со било кој човек или субјект, независно од различна припаднсот и убедување. Дури ми велат дека токму тука лежи тајната на мојот успех. Дали јас лично сум успешен или не, то не го знам, но знам дека Општина Гостивар во рок од една година забележала видни резултати и за тоа н изавидуваат и многу поразвиените општини, со многу поголем буџет и слина поддршка од централната власт. Јас овој успех им го препишувам на моите соработници, општинската администрација и на граѓаните на Гостивар во општо.

Кога сме кај моите соработници, треба да напоменам дека поради кратење на буџетот, работам со мал тим, и тоа, со луѓе кои се согласија ако е потребно да работат и без никаков надомест, со единствена цел, отпочнатиот процес за ставање на општината на вистиснки колосек, заедно да чекориме напред.

Почитувани граѓани,

Ако почнеме да ги броиме успесите што ги постигнавме оваа година, ќе ни треба многу време. Дел од работите и активностите се обидовме да ги резимираме во презентација на Power Point која подоцна ќе ви ја преставиме. Повеќето од вас се запознаени со нив, бидејќи постојано сме ве информирале за спроведените активности и проекти преку медиумите, веб-страницата на општината и социјалните мрежи. Политичките противници често не критикуваа дека премногу се рекламираме, со изговор дека објавуваме некои работи кои според нив се од мала важност. Но, тоа го правиме во полза на транспарентноста и ќе продолжиме така и понатаму. Не обвинуваат дека информираме за, како што велат, туѓи активности и проекти кои се реализираат во нашата општина, но ние ќе продолжиме да ве информираме и да му се радуваме на секој успех и секоја добра работа што се случува во нашата општина, дури и кога материјалната поддршка од општината е симболична.

Ќе се задржам малце на оние работи кои не се вклучени во презентацијата и би почнал со фактот дека многу брзо по добивање на довербата, ги релаксиравмре меѓучовечки односи во општинската администрација, но и воопшто на градот. Успеавме за краток период, во главно да го деполитизираме образованието, но ни ги одзедоа ингеренциите од централната власт, кои на 21 овој месец ќе ни се вратат повторно и го продолжиме и тој процес.

Еден од најуспешните сектори во Општината, благодарение на посветеноста на раководителката и нејзиниот тим, кој што сектор јас како градоначалник сум му посветил големо внимание, е Секторот за јавни дејности. За образованието спомнав претходно, а би додал и за културата, младите, спорт, рекреација, социјална заштита, подобрување на квалитетот на живеење на маргинализираните групи и социајлно заргозените лица. Овие области се можеби оние кои помалку се коментираат за работата на општините, но тие се многу важни за граѓаните.

Во сферата на урбанизмот, можеме да се пофалиме дека сме успеале, да не кажеме да ги искорениме злоупотребите, но барем да ги сведеме на минимум. Градењето во диво е минимизирано, колку благодарение на работата на инспекторите, толку и поради самиот факт што никој никого не охрабрува гради без дозвола или да му се гарантира дека никој ништо не му може, пракса која беше многу присутен во минатиот мандат. Би сакал накратко да се задржам и на некои податоци од облсата на урбанизмот:

Легализирани се 954 бесправно изградени објекти – изработени се 25 АУП од кои 14 завршени и 11 во постапка, Инфраструктурни проекти 11, ЛУПД завршени 3 и 2 во процедура, ДУП-ови 16 се во постапка а одобрени се само 2 од причина што на ресорноите Министерства не им се допаѓа да издаваат дозволи и согласноти не само за урбанизам, туку и за детски градинки во гостиварските села. Градежни дозволи издадени се 99, од кои 9 за колектвни станбени згради. Отуѓување на градежно земјиште 11 завршени и 12 во постапка.

Почитувани граѓани,

Буџетот на општина Гостивар, до крајот на годината ќе има реализација од над 80%, и тоа без ниеден ребаланс, измена, дополнување или кратење на буџетот, што потврдува за реално планирање, многу подобро споредено со претходните години и во тој поглед, ние сме без конкуренција во Македонија. За разлика од владата или другите општини кои прават повеќе ребаланси годишно и извршувањето на буџетот едвај надминува 50%.

Благодарение на ангажирањето на општинската администрација и зголемувањето на довербата на граѓаните во новиот општински менаџмент, забележуваме значително зголемување буџетските приходи на општината за околу 10 проценти.

Нешто би сакал посебно да го спомнам. Оваа година на управување, а се надевам и убеден сум дека така ќе помине целиот мандат, докажува дека ако нема злоупотреби, фаворизирања и неправда, иако ние сме просечно развиена општина во една многу сиромашна држава, може да се направи многу работа и очигледен напредок може во подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните.

На крајот, да сумирам – во рок од една година сме инвестирале помеѓу 2 и 3 милиони евра, а со ова темпо ќе продолжиме и во идните три години од мандатот, со што инвестициите ќе се достигнат најмалку 10 милиони евра.

Велат дека сите градоначалници инвестираат на крајот од мандатот, а Таравари инвестира на почетокот на мандатот. Ве уверувам, почитувани граѓани, дека темпото на инвестирање ќе биде еквиваленто секоја година, но тоа не значи дека ако како резултат на чесна работа, посветеност и ангажман, секоја година да имаме зголемување на инвестициите од својот сопствен буџет, а особено од меѓународни фондови, а зошто да не и од централната власт – ситуацијата најверојатно ќе се смени во државната политика. Посакувам резултатите од првава година од мандатот, брзо да се заборават и падна во сенка на резултатите кои ќе ги забележиме заедно во наредните години.

Гостивар не беше изборно ветување, Гостивар е наш Дом куќа, тој е нашето Семејство, нашата Гордост и Обвсрка.

Сите како тим, среќни сме што можеме да работиме за градот којшто го сакаме најмногу во светот. Ништо не може да нè спречи.

Гостивар заслужува повеќе!

Гостивари и Пари! (Гостивар Прв)

Ви благодарам!“

Повеќе детаљи за инвестициите и активностите спроведени од него, неговите соработници и општинската администрација, градоначалникот Таравари ги изложи преку повер поинт презентација, а на крајот од настанот беше презентирана кратка ТВ-репортажа од ТВ Глоби и анкетата со граѓаните спроведена од ТВ 2 Гостивар.

Служба за информирање