Општина Гостивар го доби проектот “Зајакнување на Советот на Општината“ во износ од 62 илјади долари

31.12.2018

Општина Гостивар е избрна да учествува во проектот “Зајакнување на Советот на Општината” за периодот 2019-2020, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а имплементиран од страна на Програмата за развој на ОН (УНДП) .

Од овој проект, Општина Гостивар ќе обезбеди нефинансиски и финансиски придобивки. Општинските советници ќе придобијат од можноста да учествуваат во Програмата за развој на капацитетите која се состои од 11 модули за обука, како и учество во разни настани на вмрежување, семинари и конференции, додека Општина Гостивар ќе добие финансиски средства во вкупен износ од 62.000 американски долари.

Церемонијата на потпишување на Меморандумот за разбирање ќе се одржи во јануари во Скопје.

Служба за информирање