Советот на Општина Гостивар утре ќе одржи вонредна седница

13.09.2019

Утре (14.02.2019) со почеток во 12:00 часот ќе се одржи вонредна седница по повод трагичниот настан кој се случи како последица на сообраќајна незгода, при што загинаа 13 лица, а околу триесетина други беа повредени.

На утрешната седница, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост  во знак на почит кон загинатите.

Општина Гостивар, на семејствата на загинатите им изразува сочувство, а на преживеаните што поскоро целосно оздравување.

Служба за информирање