ИЗВЕСТУВАЊЕ

,

Почитувани граѓани,

Поради дефект на водоводната линија Ф150 во близина на Џамијата Риниа во улица “Беличица” во Гостивар, ќе има прекин во водоснабдувањето во село Мало Турчане, Циглана 1, Циглана 2, Фазанарија 1 и Фазанерија 2, а во село Беловиште и населба Бањешница, ќе има намален притисок.

Екипи на ЈП “Комуналец” работат на поправка на дефектот. Се очекува водоснабдувањето да се нормализира околу 15 часот.

Општина Гостивар и ЈП “Комуналец” им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.

Служба за информирање