Наредната недела ќе се отвори Канцлеаријата за иселениците при Општина Гостивар

04.07.2019

На 15 јули (понеделник) ќе почне со работа Канцеларијата за иселеници при Општина Гостивар.
Канцеларијата ќе биде отворена до 23 август (петок), за да повторно се отвори во месец декември кога нашите иселеници ќе дојдат да го поминат одморот во родниот крај.

Канцеларијата за иселеници ќе работи во форма на “Едношалтерски систем”, а работното време ќе трае од 08:00 до 20:00 секој работен ден.

Отворањето на оваа канцеларија се прави со цел да им ги олесниме до можен максимум административни процедури во Општината.

Канцеларијата за иселеници се наоѓа во Центарот за општински услуги, во приземјето на седиштето на Општина Гостивар.

Служба за информирање