JП “Јавни паркиралишта и зеленило” – Гостивар, ги забележува најдобрите резултати од своето основање

,

22.07.2019

Јавното претпријатие за управување со јавни паркиралишта и зелени површини од Гостивар, во последниве месеци ги има зајакнато активностите и забележува најдобри резултати од своето основање.

Во големиот градски парк само што заврши вградувањето на автоматскиот систем за наводнување, а во тек е уредувањето на нови површини со декоративни цвеќиња на страната покрај улицата во населба Дутлoк. Кружните текови низ градот добиле сосема нов изглед, а направено е и хортикултурно уредување на дворовите на некои општински училишта.

“Граѓаните го сакаат зеленилото и убавото. Во тоа што го работиме не поддржуваат не само граѓаните на општина Гостивар, туку и од други градови и велат дека нашата работа треба да послужи како пример и за другите општини. Согласно финансиските можности и капацитети со кои располагаме, ќе продолжиме да работиме во градот, но и во селата за да создадеме што е можно повеќе зеленило и хортикултурно уредени површини”, истакнува Беким Челебиу – директор на ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило “.

Челебиу вели дека за секоја активност на претпријатeто со кое тој раководи, има безрезервна поддршка од градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој ги повикува граѓаните да се грижат за зелените површини, бидејќи тие се заедничко богатство.

Служба за информирање