Целосна реконструкција на улица во Шеста Зона во Гостивар

06.11.2019

Во низата изградби и реконструкции на градските улици, во тек се работи на целосна реконструкција на една улица во населба Шеста зона во Гостивар.

„Оценивме дека оваа улица е претесна и многу оштетена, а и тесниот тротоар само во некои делови од улицата предизвикуваат потешкотии за слободно движење на пешаците и возилата. Покрај потребите на жителите од овој дел од соседството, оваа собирна улица служи и како алтернативна транзитна улица, особено кога се зголемува сообраќајот на возила во летните месеци“, вели Бесим Догани – одговорен во Канцеларијата за локален економски развој при Општина Гостивар.

Улицата е долга 370 метри, а коловозот, по реконструкцијата ќе добие ширина од 6 метри и тротоари од 1,5 метри ширтина од двете страни. Реконструкцијата вклучува ископ на постојниот и поставување на нов асфалтен слој од 7 сантиметри, целосна санација на постојниот и изградба на нов тротоарот.

Изведувач на градеѓните работи е фирма што победи на отворениот тендер „Ленди Груп“, а вредноста на проектот, според склучениот договор изнесува 5.291.994 денари (со ДДВ), средства обезбеди од буџетот на Општина Гостивар.

Покрај ова, ќе се изврши и нивелизација на шахтите и ќе се зајакне јавното осветлување

Служба за информирање