Предмет:Покана за учество во процесот на јавна дебата за “Стратегија за чист воздух во општина Гостивар“

13.12.2019

Општина Гостивар ги известува заинтересираните граѓани и јавност дека изготвува “Стратегија за чист воздух во општина Гостивар“ и во процесот на подготвување ќе се одржи јавна дебата со цел да се запознае јавноста со нацрт верзијата.

Во рана фаза пред донесување на “Стратегија за чист воздух во општина Гостивар“ се овозможува учество на сите заинтересирани жителите , како и да се достават коментари, забелешки и предлози.

Јавната дебата ќе се одржи на ден 17.12.2019 во 15.00 часот

Го очекуваме Вашиот придонес во заедничкиот напор да изготвиме Стратегија за чист воздух во општина Гостивар и со тоа го подобриме амбиенталниот воздух во општина Гостивар.

Центар за информирање