ИЗВЕСТУВАЊЕ

03.01.2020

Почитувани граѓани,

Поради дефект на водоводната линија Ф150 утре (петок) од 9:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода или намален притисок во селата Долна Бањица, Горна Бањица, Здуње и Дебреше, како и во дел од населбата Тоскалари.

Од ЈП „Комуналец“ планираат нивните екипи да го санираат дефектот до 16:00 часот, по што ќе се нормализира водоснабдувањето.

Општина Гостивар однапред ви се заблагодарува за разбирањето.

Служба за информирање