Општина Гостивар ќе работи со скратено работно време  

17.03.2020

Тргнувајќи од препораките на Владата на РСМ, должни сме да ги намалиме движењата при одвивање на работниот процес.

Поради таа причина од денес 17.03.2020 до 24.03.2020, администрацијата на Општина Гостивар ќе работи со скратено работно време, и тоа од 08:00-13:00 часот со полн капацитет, а од 13:00-16:00 часот ќе има само дежурен во Информативниот центар.

 

Ги молиме граѓаните на Општина Гостивар да го почитуваат скратеното работно време, односно да не излегуваат надвор без потреба, а општинската администрација да ја посетуваат само за предмети кои се итни и неодложни предмети.

Општина Гостивар Ви се заблагодарува за разбирањет и ве повикува да се придржувате до препораките.

Јавното здравје е заедничка одговорност на сите нас!

Служба за информирање