Поинакво владеење и во образованието!

Гостиварската гимназија добива нов изглед, создава подобри услови за работа за учениците и наставниците.

Новите дела, кои денес ги промовиравме со раководството на училиштето, вклучуваат:

Коридори поплочени со нови плочки;

2️⃣ реновирани училници;

Нов кабинет за јазици;

Конференциска сала – прва инвестиција од ваков вид во ова училиште;

Ново осветлување, 550 нови ЛЕД ламби, 100 финансирани од Општина Гостивар и 450 донации од наши граѓани.

Наскоро ќе започнеме со уредување на нови бањи и четири кабинети за хемија, физика, биологија и математика.