Имав чест и задоволство да го пречекам г. Давид Чернохорски

Имав чест и задоволство да го пречекам г. Давид Чернохорски, економски конзул во Амбасадата на Чешката Република во Скопје. Целта на средбата беше да се привлечат чешки инвеститори во РСМ, особено во гостиварскиот регион.

Му ветив на г. Чернохорски дека локалната власт може да обезбеди инфраструктурна логистика и административни олеснувања за секој потенцијален инвеститор.

Конзулот Чернохорски ми објасни дека има некои компании од областа на автомобилската индустрија и агрокултурата, кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија