Градоначалникот Таравари им сподели благодарници на младите математичари од Гостивар

,

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Тарвари денеска во свотојот кабинет ги прими младите математичари од Гостивар.

Станува збор за ученици од СОУ “Гостивар“ кои на републичките натпревари по математика “Кенгури”, постигнаа одлични резултати.

Во ова прилика, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари им сподели благодарници на: Мерита Алиу, Влора Весели, Диелза Јусуфи, Алдин Агаи, Хана Рамадани, Едон Фетаји, Виган Демири и Назми Идризи. На средбата беше поделена признание за основецот Дијар Адеми кој го освои првото место на државните натпревари по математика.

“Како локална самоуправа, секогаш ќе бидеме силна подрашка за секој талент од нашиот град”, рече градоначалникот Арбен Таравари по средбата со учениците.

Исто така во натпреварите по математика, сребрен медал освои Теодора Николлоска, а бронезни медали Виктор Угриноски и Зорина Савеска.