Наскоро во Гостивар ќе се отвори Мултифункционален центар за социјални услуги

Наскоро во Гостивар ќе се отвори Мултифункционален центар за социјални услуги
Преку овој центар ќе се обезбедува помош и грижа за лицата со попреченост и нивните семејства. Ќе работи во рамките на Центарот за аутизам кој е во изградба и ќе го опслужува целиот полошки регион.

Во мултифункционалниот центар за социјални услуги, преку обуки, лицата со посебни потреби ќе се оспособат за пазарот на трудот.

Проектот го реализираме во соработка со УНДП и Швајцарската амбасада во РСМ.