Канцеларијата за иселеници ќе работи со продолжено работно време во текот на следните недели

Канцеларијата за иселеници ќе работи со продолжено работно време.

Во текот на следните неколку недели, Канцеларијата за иселеници кај општина Гостивар, од 7 јули ќе почне со работа со продолжено работно време.

Канцеларијата се наоѓа во просториите на Центарот за општински услуги на приземје на зградата на општина Гостивар и ќе работи од 08:00 до 18:00 часот, секој работен ден.

На иселениците им посакуваме пријатен одмор во татковината!