Недостасуваат над 25.000 учебници за учениците од Гостивар, МОН не ги обезбедува книгите

,

Општина Гостивар остро реагира на доцнењето во набавката на книги од Министерството за образование и наука.

Неразумно е учениците да се соочуваат со недостиг од книги и бараме министерството што поскоро да преземе конкретни мерки. Општина Гостивар и официјално ќе го извести Министерството за образование и наука за состојбата околу недостигот на книги како надлежна институција за предметната работа.

Општина Гостивар од официјалните податоци дадени во 10 основни училишта и четири средни училишта, утврди дека во овие училишта има вкупно недостиг од 25.156 книги за сите предмети, додека недостигот на книги е изразен во сите етнички паралели.

Според податоците, ОУ „Исмаил Ќемали“ како едно од основните училишта со најголем број ученици е едно од училиштата што има поизразен недостиг од учебници во однос на другите основни училишта на општинско ниво.

Недостиг од книги има и во средните општински училишта. Средното општинско техничко училиште се соочува со недостиг од 5.825 книги од прва до четврта година. Во средното општинско медицинско училиште недостигаат 8.985 книги, а во средното општинско економско училиште недостигаат 943 книги.

Општината веќе трета година реагира до Министерството за образование и наука за недостиг на учебници и не се преземени конкретни мерки. Се надеваме дека министерството ќе реагира поради оваа негрижа бидејќи студентите најмногу губат.