Општина Гостивар организираше јавна дебата за финансирањето на локалните невладини организации

 

Општина Гостивар организираше јавна дебата за утврдување приоритети за предлог-проекти за невладини организации во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD1), врз чија осбова ќе биде отворен вториот повик за предлог-проекти, што ќе се реализира и финансира од оваа програма.

– Општина Гостивар јасно ја дефинира својата заложба за зајакнување на соработката со граѓанските организации благодарение на што ќе се унапредува локалниот развој и ќе се подобри квалитетот на живеење на граѓаните – беше речено во јавната расправа на која беа објаснети и деталите за повикот за аплицирање за граѓанските организации.

ПРИОРИТЕТИ НА ОПШТИНА ГОСТИВАР

Можноста за проширување и продлабочување на соработката со невладините организации со Општина Гостивар е неопходна во сите области од локално значење. Општина Гостивар ги има идентификувано следните приоритетни области:

1. ОБРАЗОВАНИЕ

1.1. Програми за неформално образование (доживотно учење) и проекти за едукација на населението;
1.2. Стручно образование на населението од областа на социјалните занимања, вклучувајќи: обука за грижа за стари и инвалиди, обука за лични асистенти за лица со моторна и сензорна попреченост, инструктори за работа со лица со попреченост.

2. ЖИВОТНА СРЕДИНА

2.1. Унапредување и заштита на животната средина на подрачјето на Општина Гостивар.

3. ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ, НЕДИСКРИМИНАЦИЈА И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА

3.1. Социјална инклузија на чувствителни категории граѓани, особено маргинализирани лица, деца без родители, лица со посебни потреби и лица без документи за идентификација;
3.2. Превенција и борба против родово и семејно насилство, насилство во училиште и на улица.
3.3. Здравствена заштита на социјално ранливите семејства
3.4. Поддршка на активности за ментално и психо-физичко здравје како одговор на пандемијата Ковид-19 за ранливи категории

4. ВРАБОТУВАЊЕ И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

4.1. Промоција на активности и програми од областа на вработувањето и самовработувањето, особено за жителите кои имаат потешкотии при вработување: лица со попреченост, лица на возраст под 30 години, лица над 50 годишна возраст со посебен акцент на жените, припадниците на ромската заедница, итн.
4.2. Реализација на активности и програми за развој на алтернативен (планински) туризам, особено велосипедизам и скијање во регионот на Шарпланина и Сува Гора
4.3. Поддршка на проекти и активности за развој и промоција на земјоделски производи и овошја во гостиварскиот регион, како и активности и едукација за одгледување органски производи.

5. КУЛТУРА И УМЕТНОСТ, МЛАДИ И СПОРТ

5.1. Афирмација на уметноста, традицијата и културното наследство на заедниците на територијата на општина Гостивар;
5.2. Поттикнување на волонтеризмот кај младите;
5.3. Организирање на разни активности за развој и унапредување на спортот на територијата на општината преку спортско-рекреативни активности, особено за млади и лица со посебни потреби;
5.4. Подигнување на свеста кај младите за потребите на лицата со пречки во развојот со цел нивно интегрирање во општеството.