Недостигот на книги меѓу главните теми на средбата меѓу Секторот за образование и министерот за образование и наука

 

Претставници на Секторот за образование при општина Гостивар, претставници на средните стручни училишта од Гостивар и претставници на Унијата на средношколци од Гостивар, денеска одржаа работна средба со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

На средбата се разговараше за проблемите на средното и основното образование, за интересите на учениците, а беа разменети идеи и критики во корист на образовниот процес.

Секторот за образование при општина Гостивар, меѓу другото, уште еднаш го истакна недостигот на книги во основните и средните училишта.

Потсетуваме дека Секторот за образование го потврди недостигот од 25.156 книги во сите основни и средни училишта во Гостивар пред почетокот на учебната година.