Конференција за меѓурелигиска соработка во Полошкиот регион

Денеска се одржа завршната конференција организирана во рамки на презентацијата на резултатите од проектот „Меѓурелигиска соработка за одржлива заедница“ имплементиран од Центарот за образование и развој, поддржан од канцеларијата на НДИ – Северна Македонија.

Во оваа прилика, градоначлникот Арбен Таравари истакана дека Гостивар е пример за соживот, толеранција и нашите заеднички активности иницирани од локалната самоуправа.

“Овој проект несомнено има посебно значење и улога не само за Гостивар и Полог, туку и за целата наша мултиетничка држава. Во однос на зачувувањето на оваа културна и верска различност, несомнено е дека ни се потребни повеќе активности за и со сите верски заедници”, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Инаку, завршната конференција донесе заклучок за продолжување на меѓурелигиската соработка во Полошкиот регион и институционализирање на комуникацискиот процес во конкретни активности за доброто на општеството.

Завршната конференција се одржа во присуство на директорот на Центарот за образование и развој, Метин Муареми, постојаниот директор на НДИ во Северна Македонија, Роберт Скот Хислет, каде заедно градоначалникот Арбен Таравари, учествуваше и претседателот на Советот на Тетово, Бесар Дурмиши. Проектниот координатор Ардонит Исмаили ги презентираше резултатите од проектот, кои беа коментирани од двајца експерти – панелистите Тренделина Дехари, експерт за улогата на жената во религијата и Ахмед Ќазими одговорен за високо образование во Министерството за образование и наука.