Aсфалтиран е патот што ги поврзува двете Бањици

Општина Гостивар заврши проектот за асфалтирање на патот меѓу двете Бањици и денеска патот беше пуштен во употреба.

Проектот опфаќа должина од 220 метри и е поврзувачки јазол на двете села Долна Бањица и Горна Бањица.

Идната година за овие две села се планирани многу проекти, како во патната инфраструктура, така и во други инвестиции како што е целосно асфалтирање на патот што ги поврзува овие села, проект за кој општина Гостивар аплицираше преку Светска банка.