Секторот за образование при општина Гостивар на средба со претставници на МВР: Разговараа за безбедноста во училиштата

,

Претставници од Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден беа присутни во просториите Советот на општина Гостивар, каде што одржаа средба со директорката на Секторот за образование при општина Гостивар, Аслиан Снопче и со директорите училиштата.

На средбата се разговараше за безбедноста во основните и средните училишта како и за активностите што треба да ги преземат институциите за да има безбедни училишта.

Општина Гостивар е посветена на максимална безбедност во основните и средните училишта и постојано има средби со институциите на кои се разговара за прашањето за безбедноста во училиштата.