СЕ ФОРМИРА ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Општина Гостивар, во соработка со УНДП и приватниот сектор, формираше професионална кујна за здрава храна и Центар за обука на лица со потребни вештини.

Овој ЈПП проект опфаќа повеќе обуки од областа на угостителството, кујна за производство на храна и локации за здрава храна во основните и средните училишта од Гостивар.

Првата обука е „Подготвувач на слаткарски производи“, која е финансирана од УНДП, посветена на лица со основно образование и лица со посебни потреби кои сакаат да се обучуваат.

Обуката опфаќа 280 часа во кои кандидатите ќе имаат можност да се запознаат со слаткарски производи, додека на крајот од обуката ќе бидат издадени сертификати издадени од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука.

Целта на овој проект е стекнување работни вештини за ранливите групи, а заинтересираните можат да се пријават на емаил: pellarestaurant@gmail.com и телефон: 042 622 666.