Општина Гостивар во соработка со Сојузот на училишен спорт организираше спортска активност во пресрет на крајот на учебната година

 

Општина Гостивар во соработка со Сојузот на училишен спорт, во пресрет на крајот на учебната година организираше спортски активности во елеметарни спортови.

На оваа спортска манифестација учествуваа сите основни училишта од општина Гостивар, а градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари повика што повеќе да се поттикнат младите да се занимаваат со спорт.

„Нема друга активност која ги зближува децата подобро од спортот. Во ерата на паметните телефони, спортот е потребен и неопходен. Да ги тргнеме учениците подалеку од информатичката технологија и да ги поттикнеме да спортуваат што е можно повеќе“, рече градоначалникот Арбен. Таравари.

Претходно Агенцијата за млади и спорт обезбеди и подели спортски реквизити за основните училишта во општина Гостивар.