Изложени се ликовните творби на основците во општина Гостивар

Општина Гостивар во соработка со „ЦИВИЛ“ организираше саем со делата на основците, на тема „Заедно за подобра иднина“.
Во просториите на општината беа изложени ликовните творби реализирани од учениците од 8 основни училишта, а општина Гостивар и „ЦИВИЛ“, на учесниците им доделија благодарници и подароци.
Во оваа прилика свое излагање имаше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, кој меѓу другото истакна дека општина Гостивар постојано реализира заеднички проекти со „ЦИВИЛ“.
„Со „ЦИВИЛ“ спроведовме уште еден заеднички проект. Тоа е успешен проект каде ученици од 8 основни училишта сликаа на тема „За подобра иднина“. Се надевам дека ќе ги реализираме нашите заеднички проекти за да ги мотивираме младите и децата да имаат подобра иднина“, рече градоначалникот Арбен Таравари.