Entries by admin

Известување

16.11.2018 Ги известуваме жителите на село Чајле дека на ден 19.11.2018 во 14:00 часот ќе има прекин на електрилчна енергија во делот околу Амбулантата и покрај училиштето. Како што не информираат од ЕВН, планираниот прекин во снабдубвањето со електрична енергија ќе се случи со цел нивни екипи да работат на реконструкција и модернизација на дистрибутивната […]

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општина Гостивар Главната цел на проектот ReLOaD, кој е финансиран од Европската унија, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), е јакнење на партиципативната демократија […]

Изјаснување на градоначалникот Арбен Таравари во врска со трагичниот настан во Гостивар

Во врска со трагичниот настан кој се случи синоќа во Гостивар, при што 17 годишната Џехја Меџити од село Здуње, според првичните информации, бегајќи од куче скитник паднала во водите на реката Вардар и се удавила, градоначaлникот на Гостивар Арбен Таравари на семејството на починатата им изрази сочувство и се изјасни во врска со настанот. […]

Известување по Проектот ReLOaD

Почитувани, Во врска со објавениот Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) ,ве известуваме дека во наредиот период на планот на активности се предвидени менториски сесии за сите граѓански организации. Менторските сесии се организираат со цел преку консултации да им се […]

ОПШТИНА ГОСТИВАР ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјте од Западен Балкан […]

Започна вакцинацијата, кастрацијата и чипирањето на бездомните кучиња – Гостивар стана прва општина во Западна Македонија со системско решение на овој проблем

18.10.2018 Започна денес вакцинацијата, кастрацијата и чипирањето на бездомните кучиња фатени на подрачјето на општина Гостивар. Првата интервенција беше изведена денес во Ветеринарната станица Dog&Cat во Тетово, каде што присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. Гостивар е прва општина во Западна Македонија, која презема вакви чекори за решавање на овој круцијален проблем, проект […]

Започна изградбата на канализацијата во селот Чајлe

17.10.2018 Село Чајле наскоро ќе има фекална канализација на која ќе можат да се вклучат сите домаќинства. Денес започнаа работите за изградба на фекална канализација во близина на основното училиште, а во завршна фаза се подготовките за изградба на канализација во преостанатиот дел од селото кое се уште не е покриено со канализација. “Заочнаа денес […]

,

Аслиан Снопче: Последните дејствија на огранокот на ДУИ во Гостивар потврдуваат дека целта на одземањето на ингеренциите во образованието била чисто политичка

05.08.2018 Раководителката на Секторот за образование, Аслиан Снопче одржа прес конференција во всрка со последните дејствија на огрaнокот на ДУИ во Гостивар од каде бараат принудните директори на гостиварските основни и средни училишта од нивните редови, службената документација да ја достават до седиштето на партискиот огранок. Содржината на прес конференцијата, ви ја пренесуваме интегрално. Почитувани […]

,

Фондацијата “Иселениците од Швајцарија за Гостивар” донираше ранци и училишен прибор – акцијата ја поддржа Општина Гостивар и Менувачницата “Алпина”

04.09.2018 Фондацијата “Иселениците од Швајцарија за Гостивар” донираше ранци и училишен прибор за 100 ученици со социјално загрозен статус. Нивната акција наиде на поддршка од Гостивар, при што Менувачницата “Алпина” обезбеди ранци а Општината обезбеди училишен прибор за уште 100 други ученици. Донацијата е наменета за ученици од нижите одделенија, односно за ученици од прво […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните кои го користат регионалниот пат Гостивар – Србиново дека од утре ќе продолжат градежните работи за целосна реконструкција на делницата Лакавица – Србиновo. Додека ќе траат градежните работи сообраќајот во оваа патна делница, во одредени делови и временски периоди, ќе се одвива отежнато, затоа се молат сите учесници во сообраќајот да бидат […]