Entries by admin

Создадени просторните услови за Центар за аутизам во Гостивар

01.06.2018 Новото општинско раководство на чело со  градоначалникот Арбен Таравари, посебно внимание посветува на разгледување и креирање на развојните приоритети, како и на донесување поголема перспектива за заштита на лицата со посебни потреби, особено децата, за да и тие станат рамноправен дел на општество, кое по правило им припаѓа. Во овие шест месеци владeeњe, иако […]

,

Поради изведување на работи кај пречистителната станица, утре од 9:30 часот водоснабдувањето во Гистивар ќе биде во прекин

27.05.2018 Поради изведување на работи кај пречистелната станица во село Ворток, утре (понеделник) од 9:30 часот до завршување на работите, во градот и во селата што се снабдуваат со вода од градскиот водовод, водоснабдувањето ќе биде во прекин. Од ЈП “Комуналец” и од Општина Гостивар, бараат разбирање од граѓаните. Служба за информирање

Се работи интензивно на изградба на нова водоводна линија во село Балиндол

25.05.2018 Јавното претпријатие “Комуналец” – Гостивар, работи со висок интензитет во реализација на проектот за изградба на нова водоводна линија во село Балиндол, поточно во населбата наречена Стар Балиндол. Досега е отворен каналот во половина од вкупната должина, а се започна и со поставување на цевководот што ќе се поврзе со главната линија на градскиот […]

Делегација од Коџаели ја посети општина Гостивар

18.05.2018 Делегација од општина Картепе на градот Коџаели (Република Турција), предводена од заменик-градоначалникот Абдула Јилмаз ја посети општина Гостивар каде што беше примен од страна на градоначалникот Арбен Таравари. Градоначалникот Таравари ги запозна гостите од Турција со актуелната состојба во општина Гостивар и традиционалното пријателство со турската држава и турските општини. Заменик-градоначалникот Јилмаз го запозна […]

,

Координативен состанок за безбедни училишта

18.05.2018 Во рамки на проектот “Безбедни училишта” финансиран од ОБСЕ, кој   што се спроведува во шест општини во Македонија, во Гостивар се одржа координативен состанок на кој се  дискутираше за едногодишниот план на  задачи и активности. На состанокот учествуваа претставници на ОБСЕ во Македонија, стручните служби на општинските средни училишта, наставници и претставници од Секторот […]

Честитка на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, по повод Светиот Месец Рамазан

15.05.2018 Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на сите верници од исламска вероисповед им го честита Светиот Месец Рамазан. “Над една милијарда луѓе ширум светот ќе влезат во Светиот Месец Рамазан. И во Гостивар се подготвуваме да го почнеме Рамазан. Посакувајќи ви лесен пост, убеден сум дека овој месец ќе ни послужи за што поголемо рефлектирање […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните, органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, установите и јавните служби, месните заедници, јавните претпријатија, заводите, фондовите, невладините организации, правните и физички лица што вршат јавни овластувања и сите други кои ги користат општинските услуги, дека во согласност со Одлуката бр.09-1009/1 од 15.05.2018 година, за времено распоредување […]

Советот на млади на општина Гостивар организираше велосипедски тура низ градот

14.05.2018 Со цел сензибилизација на граѓаните за зачувување на животната средина и против загадувањето на воздухот, Советот на млади на општина Гостивар организираше велосипедска турнеја низ улиците на градот Гостивар. Под мотото “Let’s go cycling”,, велосипедистите тргнаа од општинската зграда, кружејќи низ главните градски улици за да на крајот се вратат во општинската зграда. Активноста […]

Се одржа традиционалниот Марш “Рамен Камен 2018” – поддржан и од Општина Гостивар

14.05.2018 Планинарското друштво “Шари” од Гостивар, вчера го организираше традиционалниот марш “Рамен Камен 2018“ на кој учествуваа членови на неколку планински планинарски друштва од цела Македонија и од соседните земји. Маршот финансиски го поддржа Општина Гостивар, а со неговото присуство го почести и градоначалникот Арбен Таравари. Претседателот на друштвото “Шари” – Ќерим Абази, на градоначалникот […]

Ќе се отворат четири детски игралишта, а во вкупно шест ќе се постават реквизити

11.04.2018 Денес започна поставувањето на реквизити во детското игралиште спроти Судот во Гостивар, а наредните денови ќе бидат поставени реквизити и на пет други локации. Четири од шесте локации каде што ќе бидат поставени реквизити, се нови детски игралишта, а само две од нив постоеле од порано и сега застарените реквизити ќе бидат заменети со […]