Entries by admin

,

Да придонесеме сите заедно за чист и убав Гостивар!

Општина Гостивар преку Јавното претпријатие “Паркинзи и зеленило“ посебно внимание посветува на одржувањето на зеленилото и заштита на животната средина. Да придонесеме сите заедно за чист и убав Гостивар!

Во Гостивар одбележан 9 Мај – Денот на Европа

Амбасадорите на Вишеградската група, и година го одбраа Гостивар за одбележување на Денот на Европската Унија – 9 Мај. Првично амбасадорите на три од четирите земји од Вишеградската група во Скопје, односно на Чешка – Мирослав Томан, на Полска – Јацек Мултанопски и на Унгарија – Ласло Дукс беа примени од страна на Арбен Таравари […]

Се реновира детскотo катче во големиот градски парк во Гостивар

08.04.2018 Детско катче во големиот градски парк, кој подолго време е вон функцијата за кое е наменето, се реновираше деновиве од страна на Општина Гостивар. Сите детски игри се поправени, фрлен е песок и поставени се ивичници од бекатон, а вградено е и соодветно јавно осветлување. “Со потребните поправки, ја вративме оваа игротека повторно на […]

,

ООУ “Гоце Делчев” – Гостивар го одбележа патрониот празник

04.05.2018 Со богата културно-уметничка програма, со реферат, рецитали, песни и други точки подготвени од учениците и нивните наставници, ООУ “Гоце Делчев” – Гостивар го одбележа својот патронен празник. На настанот присуствуваа учениците и нивните родители, просветни ветерани, претставници на Општина Гостивар и други локални институции, како и други гости. На присутните им се обрати директорот […]

Утре се става во функција Платформата PRIJAVI.МК

Здружението на граѓани НЕКСУС – Граѓански Концепт (НЕКСУС), ќе го промовира ставањето во функција на Платформата  Prijavi.mk. Промоцијата ќе се одржи во салата на Советот на Општина Гостивар со почеток во 10:00 часот . На промоцијата поканети се граѓански организации, институциите, донатори,  како и сите засегнати страни кои соработувале или биле дел од проектот,  а […]

Турската амбасадорка на градоначалникот Таравари му ги предаде клучевите од две амбуланти коли

24.04.2018 Амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, му ги предаде клучевите на две амбуланти коли – турска донација за потребите на Општата болница во Гостивар. Оваа донација беше договорена уште во времето кога Арбен Таравари беше министер за здравство, а предавањетос случи денес. Амбасадорката Кара, претходно […]

Известување 2

18.04.2018 Граѓаните се информираат дека асфалтирањето на крстосницата кај комплексот “Барок“ ќе се одржи утре на утро. Одложувањето на асфалтирањето доаѓа како резултат на дефект на машината на изведувачот на работите. Од АД “Пелагонија”, бараат јавно извинување и разбирање од граѓаните на Гостивар за доцнењето . Служба за информирање

Известување

18.04.2018 Општина Гостивар ги информира граѓаните дека во тек е акцијата за санација на оштетените патишта на територијата на градот Гостивар. Поради оваа причина, низ многу градски улици е отстранет оштетениот асфалт и се врши подготовка за поставување на нов асфалтен слој. Крпењето на дупките на улиците “Беличица”, “Кеј Вардар” и нас. “Бањешница” ќе се […]

,

Уредувањето на градскиот парк кон финализација

14.04.2018 По нивелизацијатана земјиштето и вградувањето на подземниот систем за наводнување во големиот градски парк на десната страна на реката Вардар, работите полека одат кон финализација. Во моментот се работи на уредување на пешачката патека, односно поплочување со бекатонки. “Пролетта би ја нарекол како годишно време на нашето  претпријатие. Ги уредуваме сите зелени површини, засадуваме декоративни дрвја, се поставуваат нови клупи со што ќе им се овозможи на граѓаните на Гостивар да уживаат во пролетната сезона”, вели Музафер Зулебари, директор на ЈП “Паркинзи и зеленило”, претпријатие […]

Советот на млади и учениците од медицинско го одбележаа Светскиот ден на здравjeто

06.04.2018 Советот на млади на општина Гостивар, по повод 7 април – Светски ден на здравјето, на градскиот плоштад, организираше денес бесплатни здравствени прегледи и консултации. Носител на активноста беше Одделението за здравство при Советот на млади, а активноста беше спроведена во соработка со учениците од Средното медицинско училиште и со поддршка на Општина Гостивар. […]