Entries by admin

,

Истакнатите средношколци останаа десет дена во Бурса, Турција

15.12.2017 Во рамките на Програмата Еразмус. шест најистакнати и нај заслужни ученици од гостиварската гимназија, предводени од професорката Аребан Солејмани, од 02 до12 декември престојуваа во Бурса, Турција. Учерниците албанци, македонци и турци од Гостивар, учествувале во организираната активност на тема “All start with Music” (Сè започнува со музика) каде што учествуваа и млади луѓе […]

“Караванот за детство без пречки” присутен и во Гостивар

Таравари: Децата со пречки во развојот, да ги вклучиме во институциите заедно со другите деца 14.12.2017 УНИЦЕФ во партнерство со Скопје филм фестивал, организираше денеска мини филмски фестивал насловен како “Карван за детство без пречки”, кој има за цел да ги промовира правата и способностите на децата со попреченост. Поздравен говор, пред прикажувањето на меѓународните […]

Се најде привремено решение за покривот на ОУ “Гоце Делчев”

10.12.2017 Денес почнаа работите за покривање на покривот на Основното училиште “Гоце Делчев” како привремено решение. Јужната страна на училишната зграда ќе биде покриена со најлон кој се користи за оранжерии, материјал кој штити од снег, дожд и ветер за период од три години. Проектот ќе го реализираат без надоместок претпријатијата “Професионал Бау” и “Леарт […]

Регионална конференција во Тирана, Таравари се сретна со градоначалниците на Тирана и Приштина, Велиај и Ахмети Велиај

07.12.2017 Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари учествува во Регионалната конференција “Градови без корупција на иднината“, што се одржува денес и утре во Албанија, во ко-организација на Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи на Албанија, УНДП, ОЕЦД и Регионалната антикорупциска иницијатива. На конференцијата учествуваат и градоначалниците на Тирана и Приштина, Велиај и Ахмети и истата […]

Арбен Таравари се сретна со евро- пратениците Вајгл и Кукан

Македонија да го фати европскиот воз и да добие отворање на преговорите за членство во ЕУ 06.12.2017 Во рамките на својата дводневна посета на Брисел, градоначалникот на Гостивар истовремено и генерален секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари оствари значајни средби со пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент, за да дискутираат за европската агенда […]

Таравари во Брисел: “ЕУ да ја поддржува и локалната власт во Западен Балкан”

05.12.2017 Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари беше панелист на годишниот европски Самит за Балканот, “Западен Балкан на крстопат – Нови предизвици, динамика во промените”, што се одржа во Брисел. Во своето обраќање, Арбен Таравари се осврна на клучните предизвици со кои се соочуваат општините, како што се социјалната заштита, доброто управување и транспарентноста, инфраструктурата и […]

,

Младите економисти од Гостивар нa двонеделна обука во Швајцарија

04.12.2017 Група од шеснаесет ученици и двајца супервизори од Средното Економско училиште “Гостивар“ се наоѓаат на двонеделна обука во Швајцарија. Престојот се реализира во рамки на проектот Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА, во кој училиштето е вклучено од 2012 година . Во рамките на овој […]

Градоначалникот Таравари ќе одржи говор на Самитот во Брисел

23.11.2017 Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе учествува на годишниотЕвропски самит, што ќе се одржи на 5 декември во Брисел. На овој Самит, градоначалникот Таравари ќе одржи говор на тема “Западен Балкан на крстопат – Нови предизвици, менување на динамиката”. На Самитот во Брисел, ќе учествува и премиерот на Албанија, г. Еди Рама. Самитот се […]

,

Информативен состанок со директорите и пом/директорите на јавните училишта

01.12.2017 Во просториите на Општина Гостивар, претставници од општинската администрација одржаа информативен состанок со директорите и пом/директорите на основните и средните училишта. На состанокот, управниците на училиштата беа информирани за начинот на финансирање на училиштата, раководењето и конкретните чекори што треба да се преземат за што поуспешен напредок во образовниот процес и во воннаставните активности. […]

,

Консултации за втората фаза од проектот за подобрување на водоснабдувањето во општина Гостивар

01.12.2017 Консултантите ангажирани од Државниот секретаријат за економски прашања (СЕЦО) во рамките на Програмата за вода и канализација, одржаа работна средба со директорот на Јавното претпријатие “Комуналец”, Исак Лазами и неговите соработници. Во рамките на поддршката што Општина Гостивар ја добива од КфВ Банка за изработка на Мастер план за водоснабдување, беше предложено да се […]