За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

20/10/2026

"Dance-Theater" во Гостивар: Уметност и свест за превенција од насилство во училиштата

Денеска во просториите на општина Гостивар Првата детска амбасада „Меѓаши“ во соработка со ШМК Гостивар и Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје ја развија активноста "Dance-Theater" за подигање на свеста и превенција од насилство во училиштата.

Оваа активност ја поздрави и градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани. Оваа иницијатива има за цел да ја подигне свеста за последиците од насилството, да поттикне емпатија, солидарност и меѓусебно почитување и да промовира побезбедна и поинклузивна средина за младите.

Општина Гостивар ја цени важноста на иницијативите кои преку уметноста, културата и вклучувањето на младите придонесуваат за развој на социјалната свест и спречување на негативни појави во општеството.
Остануваме посветени на поттикнување иницијативи кои промовираат благосостојба на младите, еднаквост и соживот во заедницата.

Сподели ја веста:

Копирај линк

ВЕСТИ

Најнови вести

Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

Прикажи ги сите