За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

13/02/2026

Гостивар дел од Mayors Leadership Programme 2026: Претставена иницијативата „Регенерирај го Гостивар“ ("Regenerate Gostivar")

Градоначалникот Валбон Лимани заедно со претставници од Секторот за развој и инвестиции на Општина Гостивар, учествуваа на настанот со кој се означи почетокот на циклусот за 2026 година на Mayors Leadership Programme - Mayors Leading Transformational Change, имплементиран од УНДП во рамките на City Experiment Fund (CEF) и иницијативата EU-UNDP Mayors for Economic Growth.

Програмата собира градоначалници и заменик-градоначалници на општини од градови од регионот, со цел зајакнување на капацитетите во адаптивно лидерство, управување со урбаната комплексност и водење на зелената и дигиталната трансформација.

Во рамките на овој настани, беше претставена иницијативата „Регенерирај го Гостивар“ (Regenerate Gostivar), како конкретен пример за примена на пристапот на портфолио во справувањето со дивите депонии и подобрувањето на управувањето со отпадот. Иницијативата вклучува анализа на однесувањето и систематско мапирање на депониите, редизајнирање на услугите за обемен отпад, дигитализација на мониторингот преку ГИС (GIS), дронови и мобилни апликации, како и активно вклучување на граѓаните и организациите на граѓанското општество.

Сподели ја веста:

Копирај линк

ВЕСТИ

Најнови вести

Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

Прикажи ги сите