13/02/2026
Општинскиот инспекторат презема акција за ослободување на тротоарите од неформалните продавачи

Инспекторатот на Општина Гостивар овие денови презеде акција за отстранување на неформалните улични продавачи кои работат незаконски и го попречуваат слободното движење на граѓаните, со цел ослободување на тротоарите и јавните површини.

Оваа акција има за цел подобрување на урбаниот ред, безбедноста и непречениот пристап за сите граѓани, особено за пешаците и лицата со посебни потреби.
Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, а општина Гостивар апелира до сите стопанственици да покажат одговорност, да ја чуваат својата стока внатре во деловните простории и да не го попречуваат слободното движење на јавните простори.
Општината останува посветена на спроведувањето на законот и зачувувањето на јавниот ред во интерес на граѓаните.

Сподели ја веста:
ВЕСТИ
Најнови вести
Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

03/11/2026
Урбанистички проект со парцелација во Блок 20 ( Шпетим и Шпенд Имери)

02/11/2026
Неделен извештај од лабораторискиот тест на водата - 02.11.2026
