13/02/2026
Општинскиот инспекторат започнува казнени мерки против фрлањето отпад на несоодветни места

Инспекторатот на Општина Гостивар започна со спроведување на казнени мерки, во согласност со Законот за јавна чистота, против сите физички и правни лица кои фрлаат отпад на неодредени места и ги загадуваат јавните површини.
Овие мерки имаат за цел зачувување на редот и чистотата во градот, како и спречување на загадувањето на животната средина, што директно влијае врз здравјето и благосостојбата на граѓаните.
Општина Гостивар ги повикува сите граѓани да покажат зголемена грижа, да ги почитуваат правилата за чистота и активно да придонесуваат во одржувањето на градот чист. Исто така, граѓаните се охрабруваат да го пријават секој случај на фрлање отпад или загадување на јавните површини.
Гостивар е нашиот заеднички дом, затоа зачувувањето на чиста, здрава и безбедна средина е заедничка одговорност на секој од нас.
Општината останува посветена на спроведувањето на законот и преземањето конкретни акции за по чист и по уреден град.

Сподели ја веста:
ВЕСТИ
Најнови вести
Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

03/11/2026
Урбанистички проект со парцелација во Блок 20 ( Шпетим и Шпенд Имери)

02/11/2026
Неделен извештај од лабораторискиот тест на водата - 02.11.2026
