За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

13/02/2026

Општина Гостивар постигна договор со Синдикатот за исплата на К-15 за сите наставници

Општина Гостивар, под водство на градоначалникот Валбон Лимани, постигна договор со Независниот синдикат за образование, наука и култура - Гостивар за исплата на К-15 за сите наставници на територијата на општината.

Иако исплатата на К-15 не била директна законска обврска на општината во оваа фаза, општинското раководство покажа волја и институционална одговорност да најде решение во интерес на просветните работници и редовното функционирање на образовните институции.

Во периодот кога Владата пушти дотации за оваа цел, според законскиот рок исплатата требало да се реализира до 31.12.2025 година. Сепак, во тоа време Општина Гостивар била под раководство на довереник на Владата, додека пуштените дотации биле наменети само за основните училишта, не вклучувајќи ги другите образовни институции. Оваа ситуација влијаеше врз нереализирањето на исплатата во предвидениот рок.

По преземањето на одговорноста од страна на актуелното раководство, остварен е конструктивен дијалог со Независниот синдикат за образование, наука и култура - Гостивар, што резултираше со догорен договор, според кој исплатата на К-15 за сите наставници, вклучително и оние од институциите кои не биле опфатени со дотации, ќе се реализира според утврдена динамика до крајот на месец април оваа година.

Градоначалникот Валбон Лимани истакна дека Општина Гостивар останува посветена на почитувањето на социјалниот дијалог, заштитата на правата на просветните работници и одговорното и транспарентно управување со јавните финансии, секогаш во служба на граѓаните.

Сподели ја веста:

Копирај линк

ВЕСТИ

Најнови вести

Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

03/11/2026

Урбанистички проект со парцелација во Блок 20 ( Шпетим и Шпенд Имери)

Одлука - Урбанистички проект со план за парцелација Потврда - Урбанистички проект со план за парцелација Графички план - Урбанистички проект со план за парцелација

02/11/2026

Неделен извештај од лабораторискиот тест на водата - 02.11.2026

Јавното претпријатие "Комуналец" - Гостивар ги известува граѓаните дека резултатите од лабораториските анализи, примени на 30.10.2026 година, ја докажуваат целосната безбедност на водата за пиење од јавната водоводна мрежа. Врз основа на официјалните извештаи примени од Центарот за јавно здравје Тетово - Подрачна единица Гостивар, анализираните примероци уште еднаш потврдуваат дека...

28/10/2026

Заверка за одобрение на Урбанистички проект со план за поделба - Блок 24, КК Гостивар 1

СЕРТИФИКАЦИЈА Урбанистичкиот проект со план за парцелизирање за распоредување на површините за изградба и разместување на границата помеѓу градежните парцели А.24/6-2, А.24/6-3, А.24/6-4 и А.24/6-5 во ПДУ за БЛОК 24 - КК Гостивар 1 за станбена куќа, општина Гостивар 1, населена куќа, стационар. на проектот од 1046,40 м², со број на куќа 45/26,...

Прикажи ги сите