За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

13/02/2026

Општина Гостивар станува акционер во КК „Гостивар“

Општина Гостивар соопштува дека постигнала договор со Кошаркарскиот клуб „Гостивар“, со кој Општината официјално станува акционер во клубот.

Оваа одлука претставува важен институционален чекор во поддршка на развојот, стабилноста и долгорочното функционирање на клубот, како и ја докажува постојаната посветеност на Општина Гостивар за унапредување на спортот и спортската култура во градот.

Договорот пренесува јасна порака дека спортот во Гостивар има стабилна институционална поддршка и дека локалните институции се посветени на изградба на силни, функционални и перспективни клубови.

Општина Гостивар останува посветена и и понатаму ќе биде силен поддржувач на спортот и спортистите во нашиот град.

Сподели ја веста:

Копирај линк

ВЕСТИ

Најнови вести

Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

Прикажи ги сите