За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

13/02/2026

Општина Гостивар ја започнува реконструкцијата на улицата „Борче Јовановски“ во центарот на градот

Општина Гостивар соопштува дека денеска започна реконструкцијата на улицата „Борче Јовановски“, клучен сегмент во централниот дел на градот. Проектот опфаќа целосна реконструкција на патниот сегмент во должина од 250 метри, со цел подобрување на урбаната инфраструктура и обезбедување оптимални услови за пешаците и учесниците во сообраќајот.

Ова интервенција има за цел зголемување на сообраќајната безбедност, елиминирање на оштетувањата и создавање попогодна средина за слободно движење на граѓаните.

Општина Гостивар апелира за разбирање за време на изведувањето на работите и увереува дека сите дејствија се извршуваат во согласност со техничките стандарди, а проектот ќе заврши во предвидените рокови.

Граѓаните се поканети да ја почитуваат привремената сигнализација и да покажат зголемена внимателност во зоните каде што се изведуваат работите.

Сподели ја веста:

Копирај линк

ВЕСТИ

Најнови вести

Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

Прикажи ги сите