22/10/2026
Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, учествува на Кариерниот форум '26 - „NextGen CareerUp“

Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, учествуваше на Кариерниот форум '26 - „NextGen CareerUp“, во организација на Институтот за лидерство и јавна политика (ИЛПП), на кој се разговараше за професионалниот развој на младите и улогата на институциите во создавањето можности за градење на нивните кариери во земјата.
На овој форум беше потенцирана важноста од инвестирање во младите, јакнење на нивниот потенцијал и создавање услови за нивно развивање на професионални вештини и градење на нивната иднина во земјата.
Општина Гостивар останува посветена на зајакнување на младите преку конкретни политики и иницијативи. Во таа насока, изготвена е Стратегијата за млади, формиран е Локалниот младински совет и создадени се простори за поддршка на младите, како што се iCAN, Co-Work и MCC.
Од своето формирање, Младинскиот центар iCAN е домаќин на над 22.000 посетители, додека во соработка со Општина Гостивар и Младински службеници се реализирани над 15 проекти и 80 младински активности.
Преку овие иницијативи, Општина Гостивар има за цел да создаде повеќе можности за ангажман, професионален развој и активно учество на младите во општествениот живот.
Во продолжение изрази благодарност до Институтот за лидерство и јавна политика, Амбасадата на Кралството Холандија и сите партнери за поддршката на оваа значајна иницијатива за иднината на младите.
Сподели ја веста:
ВЕСТИ
Најнови вести
Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

22/10/2026
Градоначалникот Валбон Лимани панелист на Регионалниот форум за локално лидерство во Скопје

20/10/2026
Започнува асфалтирањето на улицата „Илија Антески Смок“ во Гостивар
