За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

20/11/2026

Лимани: Работите на булеварот „Браќа Гиновски“ продолжуваат со висок интензитет, се гради и нов кружен тек

Инфраструктурните работи на булеварот „Браќа Гиновски“ во Гостивар продолжуваат со висок интензитет. На овој сообраќаен правец се рехабилитира и проширува патот, а се гради и нов кружен тек.

Ова го соопшти градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани. Тој преку видео од градежните активности на терен информираше за текот на работите и нагласи дека тие се одвиваат со висок интензитет.

Моментално работите се одвиваат на делницата од кружниот тек кај Центарот за култура до раскрсницата со патот за Дебар.

Проектот започна уште минатата година и се реализира во неколку фази, почнувајќи од населбата Малеарди. Една од значајните интервенции во оваа фаза е изградбата на новиот кружен тек. Неговата цел е да ја подобри безбедноста во сообраќајот и да го олесни движењето на возилата.

Завршната фаза од проектот предвидува изградба на нов мост и проширување на булеварот до зградата на Судот.

Поради работите на терен ќе има ограничувања во сообраќајот на делницата каде што се изведуваат интервенциите. Општина Гостивар апелира до граѓаните да бидат повнимателни, да ги почитуваат поставената сигнализација и упатствата и да користат алтернативни патишта каде што е можно.

Од Општината бараат разбирање и соработка од граѓаните до завршувањето на проектот.

Сподели ја веста:

Копирај линк

ВЕСТИ

Најнови вести

Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

Прикажи ги сите