28/10/2026
Во општина Гостивар е промовиран прирачникот „Еден простор - многу светови“.

Во просториите на општина Гостивар денеска беше промовиран прирачникот „Еден простор – многу светови“, изработен во рамките на проектот КОРДИАЛ, што го спроведува Здружението за правата на децата и младите со посебни потреби „Ластовица“ – Подружница Гостивар.
На градоначалникот на општина Гостивар г-дин Валбон Лимани му беше доделена копија од прирачникот и благодарница во знак на благодарност за обезбедениот простор за реализација на активностите на проектот, за поддршката, соработката и препознавањето на потребите на лицата со попреченост во општина Гостивар.
На состанокот присуствуваа координаторот на проектот, Ема Неделковска и проектниот асистент, Кристина Крушорацки, кои го презентираа значењето на проектот и неговиот придонес за унапредување на инклузијата и создавање можности за активно учество на лицата со попреченост во локалната заедница.


Сподели ја веста:
ВЕСТИ
Најнови вести
Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

20/11/2026
Одобрување на УП со парцелација во Блок 8 за ГП 8.186

20/11/2026
Општина Гостивар организираше едукативна активност во чест на Празникот на албанската азбука
