За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

За секое барање, сме на ваша услуга!

+389 (0) 42 214 600

10/11/2026

Неделен извештај од лабораториски тест за вода

Јавното претпријатие „Комуналец“ - Гостивар ги известува граѓаните дека резултатите од лабораторските анализи примемени на 09.11.2026 година ја докажуваат целоснота безбедност на водата за пиење од јавната водоводна мрежа.

Врз основа на официјалните извештаи добиени од Центарот за јавно здравје Тетово - Подрачна единица Гостивар, анализираните примероци повторно потврдуваат дека водата и понатаму ги исполнува сите физичко-хемиски и микробиолошки стандарди, останувајќи во целосна согласност со законските норми за квалитет и безбедност на водата за пиење.

Процесот на земање примероци беше спроведен на следните точки на дистрибутивната мрежа:

  • Каптажа Бурим
  • Црква Центар
  • Населба Млаки - Продавница Вито
  • Населба Питарница - Ултра Маркет

За сите горенаведени примероци, повикувајќи се на параметрите на хигиенско-техничките својства, констатирана е целосна усогласеност со критериумите дефинирани за безбедна потрошувачка.

НП „Комуналец“ – Гостивар ве уверува дека следењето и контролата на квалитетот на водата ќе продолжи редовно, преку секојдневно земање мостри и ригорозни анализи, за да се гарантира безбедно снабдување за сите граѓани.

Во интерес на институционалната транспарентност и точното информирање на јавноста, резултатите од лабораториските анализи се во прилог на ова официјално соопштение.

Можете да ги разгледате преку следнава врска: https://komunalecgostivar.gov.mk/sq/news/252

https://komunalecgostivar.gov.mk/sq/news/252

Сподели ја веста:

Копирај линк