27/11/2026
Градоначалникот Валбон Лимани ја пречека вршителката на должноста амбасадорка на САД, Никол Варнес
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска оствари средба со Нејзината Екселенција, вршителката на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, г-ѓа Никол Варнес.
На средбата се разговараше за значењето на децентрализацијата, зајакнувањето на локалната самоуправа и воспоставувањето поефикасни механизми за поддршка на општините преку конкретни развојни проекти, кои непосредно влијаат врз благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните.
Градоначалникот Лимани истакна дека поддршката на Соединетите Американски Држави за демократските процеси, зајакнувањето на институциите и развојот на локалната самоуправа претставува значајна вредност за општествениот напредок и евроатлантската перспектива на земјата.
Во продолжение на посетата, градоначалникот Лимани и г-ѓа Варнес гo посетија Центарот за третман на деца со аутизам „Blue Puzzle“, каде што одблиску се запознаа со стручната работа на центарот, неговите активности и посветеноста на персоналот во обезбедувањето поддршка за децата и нивните семејства.
Посетата претставува потврда за значењето на институционалниот дијалог и партнерството меѓу локалната власт и меѓународните партнери, со цел унапредување на демократското управување, одржливиот развој и изградбата на општество со повеќе можности за сите граѓани.



Сподели ја веста:
ВЕСТИ
Најнови вести
Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

26/11/2026
Урбанистички проект за с. Долна Бањица – КП бр. 645 и 646

26/11/2026
Општина Гостивар ги одбележува ноемвриските празници преку спорт, пријателство и соживот меѓу младите
