13/02/2026
Реконструкција на улиците „Драге Тодоровски“ и „Момир Марковски“ во населбата Лајтија

Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека од утре (четврток), започнуваат работите за реконструкција на две улици во населбата Лајтија, и тоа: улицата „Драге Тодоровски“, во должина од 800 метри (од Џамијата во Лајтија до излезот кон улицата „Беличица“), како и улицата „Момир Марковски“, во должина од 300 метри (што се поврзува со двете главни улици).
Поради изведување на работите, сообраќајот на овие улици ќе биде делумно затворен и ќе се одвива според привремен сообраќаен режим.
Бараме разбирање и апелираме за почитување на поставената сигнализација, со цел што понапредно и поефикасно одвивање на работите.
Ви благодариме на разбирањето.
Сподели ја веста:
ВЕСТИ
Најнови вести
Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

03/11/2026
Урбанистички проект со парцелација во Блок 20 ( Шпетим и Шпенд Имери)

02/11/2026
Неделен извештај од лабораторискиот тест на водата - 02.11.2026
