13/02/2026
Поставени се контејнери за текстилен отпад во училиштата во Гостивар

Општина Гостивар, во соработка со компанијата ЕКО-ТЕКС Груп, има поставено контејнери за текстилен отпад во неколку училишта во градот Гостивар, со цел поттикнување на рециклирањето и заштита на животната средина.
Оваа иницијатива има за цел да ја зголеми свеста кај учениците и наставниот кадар за важноста од правилно управување со текстилниот отпад, придонесувајќи директно за намалување на загадувањето и промовирање на културата на рециклирање уште од рана возраст.
Општина Гостивар останува посветена на реализацијата на проектите кои позитивно влијаат врз животната средина и еколошкото образование на новите генерации.

Сподели ја веста:
ВЕСТИ
Најнови вести
Прелистајте ги најновите вести и останете информирани за настаните, соопштенијата и важните информации.

03/11/2026
Урбанистички проект со парцелација во Блок 20 ( Шпетим и Шпенд Имери)

02/11/2026
Неделен извештај од лабораторискиот тест на водата - 02.11.2026
