Инвестициите во училиштата, инвестиции за иднината

Денеска ги посетивме двата објекти на ООУ „Фаик Коница“ – Дебреше.
Во стариот објект се работи на реновирање на фасадата, нови тоалети, како и други внатрешни уредувања, кои се веќе завршени.
Во новото училиште, се работи во библиотеката и во некои кабинети, а работи се изведуваат и на уредување на нови тоалети и надворешна изолација на училиштето.