Градоначалникот Арбен Таравари на средба со преставници од УСАИД

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска го пречека тимот на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, предводен од Бардил Марку.

На средбата се разговараше за резултатите од Проектот на УСАИД во општина Гостивар, во рамки на Меморандумот за соработка, фокусиран на подобрување и унапредување на капацитетите за зголемување на степенот на финансиска самоодржливост.

Резултатите од проектот во овие 18 месеци се позитивни, почнувајќи од зголемувањето на сопствените приходи над 7,1% и данокот на имот за 0,26%. Исто така, забележан е пораст на буџетската транспарентност за 50% и општина Гостивар и понатаму останува во групата на општини со добро ниво на транспарентност.