Општина Гостивар и Училишната спортска лига организираа меѓуопштински фудбалски натпревари

,

Општина Гостивар и Училишната спортска лига организираа меѓуопштински фудбалски натпревари

Околу 100 основци од општините Гостивар и Врапчиштe учествуваа на фудбалските натпревари што се одржаа во спортската сала на ОУ „Фаик Коница“ во село Дебрешe.

Натпреварите беа организирани во соработка помеѓу општина Гостивар и Македонската федерација за училишен спорт, каде учествуваа ученици од шесто и седмо одделение од 9 основни училишта, 6 од Гостивар и три од Врапчиштe.

На отворањето на оваа спортска активност учествуваше и раководителката на Секторот за образование кај општина Гостивар, Аслиан Снопче, која посака да победи најдобриот тим.

ОУ „Исмаил Ќемали“ го освои првото место од вкупно 9 екипи.