Општина Гостивар на средба со проектантските фирми од Гостивар, разговара за деталните урбанистички планови

Општина Гостивар денеска организираше средба со раководителите на Секторот за урбанизам и проектантските фирми од Гостивар.
На средбата се разговараше за напредокот на работата и најдоброто можно функционирање меѓу нив, бидејќи проектантските фирми се поврзувачки мост меѓу граѓаните и општината, како и за Генералниот урбанистички план (ГУП) кој е во процес на обработка.
Исто така, се разговараше за Деталните урбанистички планови (ДУП) кои се усвоени од почетокот на 2023 година и деталните планови кои се во процедура и се очекува да бидат усвоени во текот на оваа година.
На средбата беа истакнати градежните дозволи издадени од општина Гостивар, при што беше соопштено дека од 1 јануари годинава до сега, општина Гостивар има издадено 36 одобренија за градба, со што е меѓу општините со најголем број издадени дозволи во земјава.
Општина Гостивар на секои три месеци организира вакви средби со цел продолжување на соработката помеѓу засегнатите страни.